Четириесет и едногодишна кавадарчанка била пронајдена почината, синоќа во дом во Кавадарци, попладнево информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од итната медицинска помош.
Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.