СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Б.(31), Н.М.(32), Н.М.(35) и Б.А.(23), сите од с.Боговиње, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против С.М.(37) од с.Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 27.03.2021, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Дрита“ од с.Боговиње и ФК „Гостивар“ од Гостивар, на фудбалското игралиште во с.Боговиње, Г.Б., Н.М., Н.М. и Б.А., фудбалери на ФК „Дрита“, физички ги нападнале играчот од ФК „Гостивар“, Х.Л.(26) и членот на ФК „Гостивар“ Н.С.(40), додека С.М. како организатор, не постапил според здравствените прописи за време на епидемија согласно одлуката на Владата, односно дозволил публика на трибините на стадионот, иако од полициски службеници од Полициското одделение Камењане бил предупреден при пријавување на натпреварот.