Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 15 санкции, девет за возење без возачка дозвола, две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 37 санкции за прекршоци кои ги прават пешаците, осум за користење мобилен телефон и 51 санкција за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.