На 23.04.2021 во 11.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода М.Б.(72) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден револвер непозната марка и 14 куршуми калибар 7,62мм.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2021 13:34