Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 81 санкција, пет за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон, три за некористење на сигурносен појас, 29 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.