Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, четири за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 19 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за возач почетник и шест санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2021 12:11