Основното јавно обвинителство Скопје денеска до надлежниот суд достави предлози за издавање казнени налози од по две илјади евра против седум лица за непочитување на полицискиот час во Скопје.

– Обвинетите го сториле делото така што не ги почитувале прописите со кои е определена забрана за движење на населението во определен дел од денот – полициски час, како мерка за спречување на ширењето на заразна болест. Без да поседуваат дозвола, се движеле на различни локации во градот за време на полицискиот час, при што биле затекнати од полициски службеници, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители предложиле Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Сите лица се товарат за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2021 12:53