Жител на Возарци бил физички нападнат, а потоа и удрен со возило од кавадарчанец. Тој го пријавил случајот синоќа во полициската станица во Кавадарци.

– Во 19 часот, 68-годишниот жител на село Возарци пријавил дека околу 17 часот, додека бил со пријатели во дворот од неговата куќа на Тиквешко Езеро, бил физички нападнат од О.Г.(37) од Кавадарци, кој потоа со возило го удрил пријавителот, изјави денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Полицијата работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2021 12:56