Вкупно 134 возачи од Куманово возеле со поголема брзина од дозволената, соопшти денеска кумановската полиција која вчера извршила засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои возат со поголема брзина од дозволената.

– Притоа се санкционирани 134 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената. При контролата се откриени и законски санкционирани и уште 11 прекршоци, информираат од СВР Куманово.

Од полицијата апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2021 14:22