Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик против 43-годишна жителка на Гостивар.

Како што информира ОЈО, на 11 јануари годинава, обвинетата застанала во ред за банкомат зад една оштетена која повлекувала пари. При обидот да повлече пари клиентката, банкоматот задоцнил, па сумата од 15.000 денари ја исфрлил со задоцнување. За тоа време оштетената се оддалечила, а обвинетата веднаш зад неа ги зела парите и наместо да пријави, си заминала. Со ова на оштетената и била нанесена штета од 15.000 денари.​



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2021 22:32