Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
– Имено, 27-годишен жител на Врапчиште, на кого од 15 февруари со Решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација како лице позитивно на SARS-CoV-2 вирусот, на 17 февруари не бил затекнат во неговиот дом. Полициските службеници кои извршиле проверка констатирале дека заминал во Германија. Друг жител на Врапчиште пак, на возраст од 42 години, не го почитувал полицискиот час и за време на важечката забрана се движел низ Гостивар без да поседува дозвола, наведоа од ОЈО.
Јавниот обвинител за двајцата му предложи на Основниот суд Гостивар да определи парични казни од по 100 дневни глоби.