СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.О.(39) и И.Т.(53), двајцата од Скопје, вработени во Биро за метрологија – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавените, неовластено издале одобрение за единечно товарно моторно возило „мерцедес“, сопственост на правно лице од Охрид, иако знаеле дека не ги исполнувало условите за такво одобрение, со што му овозможиле на сопственикот да се стекне со материјална корист и да изврши регистрирање на возило, кое според Законот за возила не можело да се регистрира.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2021 00:11