Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Б.(28) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 25.02.2021, пријавената искористила платежна картичка, која противправно ја присвоила и во два наврати неовластено подигнала парични средства.