Били Ајлиш на Инстаграм објави дека нејзиниот нов албум „Happier Than Ever“ ќе излезе во продажба на 30 јуни.

„Ова ми е омиленото нешто коешто сум го создала и толку сум возбудена, растреперена и нестрплива да го чуете“, напиша Били до слика од омотот на албумот.

На неа таа има и нова фризура, и руса коса. Насловната песна од албумот, пак, излегува утре.

„Ви велам… Никогаш не сум сакала некој проект, олку многу. Се надевам дека и вие ќе го почувствувате истото”, вели таа натаму.

Били Ајлиш го издаде деби-албумот „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?” во 2019 година. Во март таа година поп-пејачката доби и „Греми” за песната „Everything I Wanted”. Лани пак, тинејџерката доби „Греми” во пет од шесте категории, во кои беше номинирана – за албум, запис, песна на годината, за најдобар нов изведувач и најдобар поп-албум.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2021 10:57