Кет Камалани важи за омилена стјуардеса на „Тик-ток“, откако претходно изложи неколку тајни на летот, како на пр., кои делови од авионот не треба да се допираат и зошто никогаш не треба да пиете вода во авион… Таа сега откри уште нешто.
Искусната стјуардеса овојпат раскажа – што се крие зад насмеаното поздравување на патниците на влезот на авионот?
– Се обложувам дека не знаете што правиме всушност. Кога влегувате во авионот и го гледате нашето среќно, насмеано лице, ние всушност Ве гледаме одгоре-надолу и се обидуваме да ги најдеме Вашите АБП, вели Камалани во видеото.
„АБП“ се однесува на „луѓе“ или „патници со посебни вештини“. Тие би можеле да помогнат при некоја непредвидена состојба или итен случај.
– Меѓу патниците некогаш има војници, пожарникари, медицински сестри, лекари… Значи, во случај на вонредна состојба – како што е потребата од итна медицинска помош или приземјување на авионот, или нарушување на безбедноста – знаеме кој е во нашиот авион и кој може да ни помогне, појаснува таа.
Притоа, стјуардесите и стјуардите бараат и работи што не припаѓаат на летот, како што се можни жртви на трговија со луѓе, криумчари, криминалци, сомнителни…
– …Па, некој и сам ќе довикне: „Еј, јас сум лекар, на ова седиште – за секој случај“. Го цениме тоа!, вели Камалани.