Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, четири за возење без возачка дозвола, 50 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, четири прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли и 36 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2021 11:18