За нарушување на јавниот ред и мир од почетокот на годината полицијата напишала близу 70 барања за прекршочна постапка против 82 лица. Физичките напади и тепачките се најчести прекршоци кои се случувале на улица и во угостителски објекти.
Според анализата на СВР Тетово за првото тримесечје од оваа година во гостиварскиот регион регистрирани се вкупно 63 нарушувања на јавниот ред и мир и во помал процент е помалку во споредба со истиот период на минатата година.
-Најголемиот број од нарушувањата, односно прекршоците се целосно расчистени и заокружени со 67 барања за поведување на прекршочна постапка против 82 сторители. Меѓу прекршоците во јануари, февруари и март годинава, најбројни се физичките напади, 33, имало четири тепачки, а регистрирани се и шест случаи на карање, дрско и непристојно однесување, како и седум случаи на агресивно однесување кон службено лице, наведуваат од СВР Тетово.
Најчесто место на случување се улицата и угостителските објекти во град, а биле извршени со поединечно учество на сторителите, претежно од машки лица.
Во овој период немало нарушувања на јавниот ред и мир во училиштата и другите образовни институции.