Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривични пријави против троца дебрани поради непочитување на полицискиот час.

– Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.М.(22), М.Б.(20) и А.Љ.(21) сите од Дебар. При контрола извршена на 17 овој месец во 20:30 часот полициски службеници ги затекнале пријавените на улицата „Моша Пијаде” во Дебар, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тие, според него, не поседувале дозвола за движење во време на полициски час, со што пријавените постапиле спротивно на одлуката за забрана на движење на населението во времето од 20 до 5 часот со цел спречување на ширењето на Ковид- 19.

-Од воведувањето на полицискиот час констатирани се 17 прекршувања на забраната за движење. Што се однесува пак до мерката за задолжително носење на заштитна маска, овој месец издадени се 117 прекршочни платни налози, информираше Димоски.

Во последното деноноќие, посочува, не е констатирано непочитување на споменатите мерки.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2021 16:08