Седумнаесетгодишно момче синоќа е повредено со остар предмет и однесено во Градската општина болница „Св. Климент Охридски“, соопшти денеска полицијата.

Во дневниот билтен на МВР се наведува дека, според исказот на момчето, тој бил физички нападнат од три лица на улицата „Македонска-косовска бригада“ вчера околу 20:30 часот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2021 00:33