Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, 11 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, осум за некористење сигурносен појас, три прекршоци што ги чинат пешаците и 45 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.