Во текот на вчерашниот ден (29.04.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Куманово и магистралниот пат Арачиново-Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи. Од нив, 84 се движеле со брзина над дозволената надвор од населено место, а 60 возила се движеле со брзина поголема од дозволената во населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.