Нема повредени во пожарот што се случи утринава околу 8 часот во стан на булеварот „Маршал Тито“ спроти зелениот пазар во Тетово. Изгоре дел од стан што се наоѓа на третиот кат од зградата со пет ката и поткровје.
-Интервениравме со две возила и осум пожарникари. Пожарот беше пријавен околу 7 часот и 50 минути, а за еден час беше локализиран и ликвидиран. Пуштивме линија-црево во вода до самиот стан и интервениравме во гасење на огнот и спречување на ширење кон останатите станови. Станот е блиску до пожарната и за кратко време стигнавме до местото за интервенција, информираше Ука Алити, командант на тетовската пожарна единица.
По гаснењето на огнот започнат е увид од страна на службениците на тетовската полиција.