На 29.04.2021 во 15.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода А.Г.(21) од с.Ораовица, радовишко.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, таблети, гасен пиштол марка „Steyr Manliher“ и една дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.