Кумановските пожарникари во текот на еден ден два пати гаселе пожар на депонијата пред населбата „Перо Чичо“, информираа денеска надлежните од РЦУК Куманово. Ѓубриштето горело во вечерните часови по 21 часот, но утрото повторно било запалено, соопштија во дневниот билтен.
Горела и сува трева во планинското село Стрима од 16:10 до 18:50 часот и со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, кои поради непристапниот терен не можеле да интервенираат.
Претставници од подрачната единица на кумановската подружница на „Национални шуми“ ги известиле надлежните дека пожарот е помеѓу две планински патеки и дека не може да се прошири во шумата.
– Вработените од ШС „Куманово“ се на самото место и интервенираат во гаснењето на истиот и нема потреба од дополнителна помош, наведуваат во РЦУК Куманово кои за пожарот во Стрима ги известиле надлежните субјекти.