Рано утринава во 3.55 часот, кичевчанецот И.В. (57) во ОВР-Кичево пријавил дека од тераса лоцирана на првиот кат од неговата куќа на улица „11-Септември“ од Кичево, паднал М.К. (26) од Албанија, кој престојувал во овој објект.

– При падот од првиот кат, лицето М.К. се здобило со потешки повреди, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош, информира Стефан Димоски од СВР-Охрид и додава, дека во врска со овој настан на разговор во ОВР-Кичево биле повикани уште две лица од Албанија кои престојувале со М.К во истиот објект, како и сопственикот на куќата.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2021 00:08