Локализиран е пожарот што денеска околу 14:30 часот избувна во близина на туристичкиот комплекс Аурора крај Беровското Езеро.
Според информации на Сашко Руменовски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, во огнената стихија е опожарена површина од околу пет декари.
– ДОЈАВАТА ВО ТППЕ БЕРОВО Е ПРИМЕНА ОКОЛУ 14:30 ЧАСОТ, ПО ШТО ОД НАША СТРАНА Е ИНТЕРВЕНИРАНО СО ДВЕ ВОЗИЛА, ЕДНА ЦИСТЕРНА И ВОЗИЛО „БРЕМАЧ“. ВО ГАСНЕЊЕТО УЧЕСТВУВАА ЧЕТВОРИЦА ПОЖАРНИКАРИ НА КОИ ПОМОШ ИМ ПРУЖИЈА И ВРАБОТЕНИ ВО КОМПЛЕКСОТ, КАКО И ТУРИСТИ. ВО МОМЕНТОТ ПОЖАРОТ Е ЛОКАЛИЗИРАН, НО НАШИ ЕКИПИ ОСТАНУВААТ ВО ОБИКОЛКА НА ТЕРЕНОТ, ИНФОРМИРАШЕ РУМЕНОВСКИ.
Причините за пожарот ќе бидат познати по извршениот увид, иако како можен причинител се наведува човечки фактор.