Полициски службеници од СВР Тетово вчера (30.04) спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување, при што санкционирани се 43 возачи.

Од нив 26 прекршоци се направени на територија на Полициска станица Тетово, а 17 на територија на Полициска станица Гостивар.

Санкционирани се и 29 други видови на прекршоци. Зајакнатите акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2021 12:12