На 30.04.2021 во 22.05. часот на ул.„Цветан Димов“ од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар биле лишени од слобода Б.С.(48), Н.Х.(42), двајцата од Скопје и Т.Ј.(46), од с.Марино, скопско, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Тројцата биле приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2021 13:06