Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Делчево Берово, доцна попладне кај делчевското село Град по излетување на возило, загина 18 годишно момче.

На местото на несреќата интервенирала екипа на Итната медицинска помош, од каде информираа дека по укажаната интервенција, со нивно возило заедно со сега веќе починатиот (Ф.А) се упатиле кон најблиската Клиничка болница, кој попатно починал.

Во излетаното возилото се наоѓало уште едно помладо лице, кај кое според лекарите не се забележани повреди.

Од полицијата го потврдија случајот и повеќе детали за несреќата најавија во текот на утрешниот ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2021 02:33