Лекарот од екипата на Службата за итна медицинска помош од Охрид што вршел увид на местото каде утрово беше пронајдено беживотно тело на женско лице констатирал телесни повреди врз главата.

Според информациите од СВР-Охрид, утрово во 8:20 часот С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата.

Екипа на крим-техника на СВР-Охрид извршила увид на лице место, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Истрагата и обдукцијата ќе ги утврди околностите и причините за настапувањето на смртта.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2021 00:20