Сто и пет возачи се санкционирани за возење побрзо од дозволеното во засилена акциска контрола спроведена денеска во периодот од 10 до 16 часот на подрачјето на СВР Штип, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.
Седумдесет прекршоци се од возачи кои ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 35 во населено место.Откриени се и 21 друг вид на прекршоци.
Претходно од МВР известија и дека се санкционирани 144 возачи на територијата на СВР Тетово, исто така за возење со брзина повеќе од дозволеното