Во полемиката која се одвиваше меѓу Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов се вклучи и оперскиот пејач Игор Дурловски.

Тој му порача на Шилегов „да си дочека на своја глава“ алудирајќи на коментар на Шилегов кој го дал за време на судењето за 27-ми април каде што рекол „За многу години“. Шилегов за време на случувањата на 27-ми април беше пратеник и во јавноста се збореше дека за време на нелегалниот избор на Талат Џафери за Претседател на Собранието гласал со двете раце, односно се броеле како два гласа.

Да потсетам на една мала пикантерија од сведочењето на "градскиот татко" за случувањата од 27 Април. На заминување од судница, на нас обвинетите за #тероризам ни порача "За многу години".Е па Петре и на твоја глава да си дочекаш. Загреб платил 800.000€ а Град Скопје 1.700.000€, искоментира Дурловски на социјалните мрежи.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2021 02:24