Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 103 санкции, шест за возење без возачка дозвола.
Изречени се 21 санкција за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.