Европската Унија упати недвосмислена осуда за насилството во Колумбија, каде граѓанските протести доведоа до смрт на 23 цивили и еден полицаец.

Брисел го поддржува правото на мирен протест и слободно здружување на граѓаните, но нагласува дека правото на слободно изразување мора да биде заштитено, наместо да биде насилно репримирано.

– Приоритет е да се стопира ескалацијата на насилството и да се избегне непропорционална употреба на сила од страна на безбедносните служби, стои во осудата на Европската дипломатска служба.

За Европската Унија граѓаните во Колумбија мирно протестираат со исклучок на некои елементи кои користат насилство и со тоа предизвикуваат неред и хаос и ги повика институциите да ги истражат сите случаи на бруталност.

Богота ја има поддршката на ЕУ за справување со предизвиците од коронавирусот и го поздрави повикот на колумбискиот претседател да се отвори национален дијалог.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2021 13:17