Македонската развојна фондација за претпријатија,денес, 7 мај 2021 г. го одржаонлајн настанот: „CreatINNES – Креативност и претприемништво. Поврзаност и важност”.
Пред повеќе од 200креативци, фриленсери, студенти, бизнис почетници и претставници на бизнис секторотбеа презентирани теми кои брзо им го привлекоа вниманието. Реномирани експерти од Македонија, Германија и Бугарија споделија успешни примери од областите на дизајн тинкинг (design thinking), визуелно брендирање, претприемништво, иновации и креативни вештини.
„Визуелното брендирање е една од најдобрите алатки за комуникација со Вашите клиенти. Toa може да Ви помогне да создадете моќен бизнис идентитет“ – порача д-рПетјо Будаков, основач и извршен директор на агенцијата за реклами и графички дизајн Будаков Филмскоја успешно работи во Бугарија и во Германија.
Димитар Смилјановски од Македонската развојна фондација за претпријатија и д-рВолфганг Книејски од Европскиот институт за иновации и развој на технологија (EIT) ја истакнаа поврзаноста и важноста на претприемачките и креативните вештини за развој на успешен бизнис модел. Тие посочија како може да се развијат овие вештини и кои можности им стојат на располагање на сегашните и идните претприемачи.
„Мисли глобално, делувај глобално“ беше пораката на Наум Михајловски, извршен директор и ко-основач на македонското студио за развој на игри Furious Avocado, со што ја потенцираше отвореноста на пазарот и можноста на малите студија да стигнат до соработка со издавачите на игри и да постигнат светски успеси.
Преку презентацијата на Лела Анастасова, сертифициран обучувач за Design Thinking и раководител на проекти во Innothink, учесниците се запознаа со концептот Design Thinking и како тој може да придонесе за развој на иновациите. Таа го промовираше и нејзиниот „Креативен водич“ кој содржи корисни алатки, примери и идеи за користење на оваа методологија.
Смилјановски ја презентираше и бесплатната онлајн платформа за обуки “CreatINNES Academy“ која содржи две програми: „Претприемништво за фриленсери и старт-апи од креативната и културна индустрија“ и „Креативно размислување за развој на иновации“ преку кои може да се стекнат многу нови вештини.
Главната цел на настанотбешеда се поттикнепоголема примена на претприемништвото, креативноста и дигиталните вештини како еден од клучните фактори за развој на бизнисите и за поголем успех во секторот на креативна и културна индустрија.7
Тој е дел од програмата „CreatINNES”, финансиранаод Европската Унија, преку програмата Еразмус+. Македонската развојна фондација за претпријатија Скопјего организираше настанотзаедно со Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски", Машинскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ и Македонското Научно Друштво - Битола.