Вчера објавив еден тендер оглас јавна набавка како и да ја наречеме , кој го огласија во Владата, 300.000 евра со ддв, за маркетинг услуги за успешна вакцинација од Ковид19 . Овој тендер де факто ќе биде за испумпување на народните пари преку маркетинг услуги, а вклучително и за плаќање на изборната кампања за локални избори на политичката СДСМ која што е на влас и го огласува овој тендер преку Владата.

Денес ќе објавиме нов тендер кој го пушти Владата на Заев во исто време со овој претходниот , тоа е набавка за услуги за осмислување и реализација на кампања од јавен интерес за спречување корупција.

Љупчо Николовски откако почна да брои чаши вода на министрите, сега веќе ќе прави заедно со Заев кампања во вредност од 14.436.865 денари или 240.000 евра без ддв, односно над 280.000 евра со ДДВ.

Замислете тендер за маркетинг услуги за кампања за спречување на корупција во вредност од над 280.000 евра. Па самиот тендер е сомнеж за сериозна корупција.

Предвиделе ставка од Владата во овој тендер во вредност од 1.407.200 денари без ДДВ, подготовка и реализација на медија план, закуп на медиумски простор на сите канали освен приватните радиодифузери на територијата на Македонија. Каков грабеж луѓе.

Најпрвин не смее Владата да се рекламира во медиумите. Тоа е прво и основно и е нивна владина одлука од 2017 година . Потоа, закуп на медиумски простор на сите канали – кои канали? На каналите под македонската радио телевизија владата секако се огласува и емитува бесплатно доколку е кампања од јавен интерес како што ги водат и овие двете камапњи кои што тежат над 600.000 евра.

Ова не е ништо повеќе, од класичен грабеж на државните и народните пари и плаќање кампања на СДСМ за локалните избори од државни пари.

Вчера споменав, денес повторно ќе споменам, веќе се зборува кои агенции блиски до СДСМ ќе ги земат овие тендери. Практично истите тие ќе им работат и во кампања.

Значи, два тендери во Владата во исто време во вредност од околу 600.000 евра за две кампањи. Народот нема леб да јаде, СДСМ троши 600.000 евра за кампањи кои што верувајте од сега се промашени. Ниту владата ќе прекине со корупцијата која што на ангро ја прави ниту пак Филипче ќе организира успешна и масовна вакцинација.

Апелираме уште еднаш, да се прекине со овие тендери кои се грабеж на македонскиот народ и македонската држава и тоа да се прекине уште веднаш.

Новинарско прашање: Власта ве обвини дека печалите политички поени на сметка на Армијата со поднесувањето на амандамните за законот за АРМ, ваш коментар во однос на тоа?

Одговор: Шекеринска Радмила како министер, но и кога не беше министер кога беше опозиција самото нејзино појавување во политичкиот простор низ медиуумите и во јавноста е најарогантната личност која што може да постои во македонската политика. Ние како конструктивна опозиција поднесовме предлог- закон бидејќи се работи за сериозен закон кој што опфаќа многу сериозна тема во Армијата на Република Македонија поднесовме закон кој што е многу подобрен од оној предлог кој што го предлага арогантната Шекеринска. Но, бидејќи ароганцијата е толку голема што не сака со никого да разговара најмалку со опозицијата која што има сериозна тежина во собранието на Република Македонија сакаат по секоја цена да донедат свој закон кој што го замислиле тие самите. За ваков сериозен закон за ваква сериозна тема која што опфаќа огромна и сериозна маса на луѓе не може да се донесе без да се разговара со опозицијата односно со ВМРО - ДПМНЕ. Затоа Шекеринска треба малку да го смали своето его и својата ароганција бидејќи воопшто не тераат како влада во правилна насока и не ја водат Република Македонија во правилна насока и за сметка на тоа да седне да го разгледа предлог- законот од опозицијата, да разговара со опозицијата и да се донесе закон кој што ќе биде многу подобар од оној кој што го предлагаат тие. Сепак нивниот закон е само производ на ароганција и затоа не сакаат со никој да разговараат.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2021 14:33