Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска повторно е хоспитализиран поради последици од коронавирусот, и тоа десет дена откако беше отпуштен од болница.

Осумдесет и четири годишниот Берлускони синоќа бил примен во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, потврдија извори од неговата партија „Форца Италија“.

Од истата болница беше отпуштен на 1 мај по три неделно лекување, исто така, санирајќи ги последиците од Ковид-19, со кој се зарази уште во септември минатата година. Тогаш му беше дијагностицирана тешка инфекција на белите дробови, предизвикана од коронавирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2021 15:45