Како во цртан филм, еден голем, и „крупен“ ракун се заглави со нозете нагоре, а главата надолу, обидувајќи се да пробие покрив од една куќа во канадската покраина Онтарио. Видеоснимката од „спасувањето“ на животното стана хит на интернет.

Специјалистот за контрола на штетници Скот Лидл ја сними случката и ја објави на Инстаграм во февруари. Потоа и медиумите дознаа за неа, па така дозна и цел свет…

„Ова се вика карма“, рече Лидл, меѓу другото, пред да го ослободи ракунот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2021 13:31