Во првото тримесечје од 2021 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 580 илјади, во градско-приградскиот превоз 8 562 илјади, во железничкиот превоз 59 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 154 709, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, во првото тримесечје од 2021 година, во споредба со првото тримесечје од 2020 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 17,8 отсто, во железничкиот превоз е зголемено за 4,3 отсто, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 2,6 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2021 01:19