Во март годинава во земјава вкупно се потрошени 789.488 мегават часови електрична енергија, 45,725 милиони нормални кубни метри природен гас, 406.568 тони јаглен и 87.746 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 73,2 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 95,5 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2021 15:05