На сцената на МКЦ вечерва и утревечер ќе биде изведена театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, во продукција на зружението „Артопија“.

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер и ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.

Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.

Претставата зборува и за емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.

Во ова престава играа Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Симона Спировска Костовска, а режијата е на Билјана Радиноска.

Претставата, како што истакнуваат организаторите, не е наменета за лица под 16 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2021 10:42