Полициски службеници лишиле од слобода гостиварец за издржување на казна затвор, соопшти МВР.

– Вчера во 20:15 чaсот во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле Р.М.(57) од Гостивар, кој со потерница се барал за издржување на казна затвор, се посочува во соопштението на Министерството.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2021 14:21