Либанскиот екстремистички лидер на Хезболах, Хасан Насрала предупреди дека какво било нарушување на светите места за муслиманите и христијаните може да доведе до регионална војна.

Во првата реакција по примијето со кое заврши 11-дневната војна меѓу Израел и Хамас, Насралах синоќа изјави дека организациите во Појасот Газа докажале дека „никој не може да седи со скрстени раце” кога Израел напаѓа свети места и се обидува да ги поткопа палестинските права на тој град.

Тој исто така најави дека Хезболах може да интервенира следниот пат.

– Израелците мора да разберат дека нарушувањето на светиот град и џамијата Ал Акса и светилиштата нема да го запрат отпорот на Газа, посочи Насралах.

Тој додаде дека „Ерусалим значи регионална војна”.

– Сите движења на отпорот не можат стојат и да гледаат што ќе се случи ако светиот град се најде во реална, сериозна опасност, наведе лидерот на проиранската шиитска група Хезболах.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2021 14:37