На 25.05.2021 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје во соработка со инспектори од Трудов инспекторат извршиле контрола на градежен објект на ул.„Лазо Трповски“ во Скопје, каде како подизведувач е фирма од с.Горно Свиларе, скопско, при што на местото на настанот биле затекнати и приведени Г.Л.(20) и Џ.К.(59), двајцата од Р.Косово, бидејќи било констатирано дека немаат регулиран престој.

Лицата биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2021 03:30