Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот" во Велес, вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Четири соби" во режија и адаптација на Синиша Евтимов. Таа е прва премиера од сезоната 2021 „Да се почне одново".

Како што информираат од Театарот, претставата „Четири соби" е работена според мотиви од сценариото на истоимениот култен филм од 1995 година. Станува збор за четири приказни кои се случуваат во една новогодишна ноќ, сместени во четири различни соби на еден хотел.

Костимографијата и сценографијата за претставата се на Александар Ношпал, музички соработник е Сашко Костов.

Улогите ги толкуваат: Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Симона Димковска, Зорица П. Панчиќ, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Исидор Јовановски и Благојчо Стојанов.

-Премиерната изведба на претставата ќе биде според сите здравствени протоколи, а првата реприза е закажана в сабота, 29 мај, со почеток во 20 часот, информораат од Велешкиот театар.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2021 09:56