Агенцијата за млади и спорт денеска, во 13 часот, во нејзините простории, ќе додели награди од конкурсите за „Млади поети“, „Млади уметници“ и „Млади музички уметници“.

-Темата на сите конкурси беше одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески, информираат од Агенцијата.

Конкурсите се дел од активностите за млади, кои оваа година по осми пат ги организира Агенцијата за млади и спорт.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2021 12:50