Индустриските претпријатија во 2020 година вкупно зафатиле 2.203 милиони кубни метри вода, а најголемо учество од 98,3 отсто имал секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемото количество за снабдување на претпријатијата е од површински води, односно 64,9 отсто.
Вкупното количество, пак, користена вода во 2020 година изнесуваше 1.457 милиони кубни метри што е намалување за 9,6 отсто во споредба со 2019 година.
Од вкупно испуштените води во 2020 година пречистени се 15,5 отсто.