Од денеска полицијата нема да казнува за неносење на маски на отворено.

СВР-Штип вчера во период од 15 до 21 часот спроведе акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението наведува дека за време на акциската контрола биле констатирани 18 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани.

При контролата биле констатирани и 14 прекршоци за пречекорување на брзината, две за нерегистрирани возила, 12 за управување возило без возачка дозвола и четири за некористење сигурносен појас. И за овие прекршоци биле поднесени соодветни поднесоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Секторот за внатрешни работи-Штип изречени се и мерки за 21 лице за неносење на лична заштита. Од денеска полицијата нема да казнува за неносење на маски на отворено.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2021 15:09