Не е логично да може да се прават свадби а да не може да се направи матурска про слава, крштевка или слично, реагираат од Независната угостителска комора за Алфа.
Добро е што Комисијата за заразни болести од една страна со предлог мерките дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор, додека од друга страна постави нови правила и ограничувања за музичарите чие присуство со истата мерка е ограничено само при организирање на свадби. Да не се дозволи, доколку дојдат децата со своите родители и баби и дедовци да треба да ги делиме на две маси, или поради еден или два члена повеќе кои би седнале на истата маса ако се повеќе од шест луѓе да имаме проблеми со инспекторатите или контролите, вели Здравко Јосифовски од Независната угостителска комора.