Во рамките на континуираните активности што ги презема Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Тетово за поголема безбедност на патиштата и улиците на поширокото тетовско подрачје вчеравечер (9 јуни) од 20 часот и 30 минути до 23 часот и 30 минути спроведена е контрола на брзината со која се движат возилата во и надвор од населено место.

Во контролата реализирана со таканаречен „ноќен радар“, биле откриени и законски санкционирани вкупно 19 прекршоци, односно пречекорувања на максимално дозволената брзина.

На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2021 13:43